54654

„Лазар“, македонски филм за будење на емпатијата, на МТВ 1 на 2. јануари

 

Недела на македонски филмови на МТВ 1

 

Понеделник, 2 јануари, во 20.55 часот, на првиот канал на Македонската телевизија ќе се емитува македонскиот филм од 2015 година - "Лазар". Режијата е на Светозар Ристовски, Грејс Леа Троје, а во главните улоги настапуваат Ведран Живолиќ, Дејан Лилиќ, Наташа Петровиќ, Горан Навојец, Александар Сано, Красимира Кузманова.

 

Lazar1

 

Режисерот Ристовски, кој воедно е и сценарист на филмот, вели дека  преку приказната се провоцира публиката да се запраша себеси, колку емпатијата и хуманизмот се потиснати кај секого од нас во овие себични времиња и колку многу сме сите ние, како и ликовите во филмот, засегнати само со себе и со сопствениот профит.

 

Lazar2

 

Филмот зборува за Лазар, незадоволен и емотивно неповрзан со светот околу себе. Кога татко му го напуштил семејството, тој морал да се снаоѓа и да биде цврст, а сега во своите средни дваесетти години се впушта во круг на криумчарење емигранти. Неговиот поглед на светот почнува да се менува кога ќе се вљуби во Катерина, студентка по архитектура, која случајно ја сретнува.

Лазар е антихерој, но светот околу него е далеку помрачен од него, па така кога кај него ќе почне да се појавува совест и емпатија, елементи на хуманост, тој се освестува и се обидува да побегне од светот во кој дотогаш живее. Иронично, тоа значи да се претвори во мигрант-бегалец, исто како и стотиците бегалци што тој ги шверцува преку граница.

 

 

„Лазар“ досега учествуваваше и на фестивалите „CinEast Film Festival“ и „Santa Barbara International Film Festival.

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012