54654

Инфо | Недела на Оскаровци на Телма, детално за сите филмови

 

Оскаровци на Телма, секој ден по централните вести

 

Од денеска па до петок на Телма телевизија ќе се емитуваат филмови - оскаровци, кои ќе се прикажуваат во 19.10 часот. Во продолжение ве запознаваме со секој филм одделно.

 

Oskarovcitelma1

 

Понеделник, 3 јануари, "Под лупа"

Филмот е заснован на вистинска приказна од 2002 година, кога тимот на бунтовниот новинар на Бостон Глоуб почнува да ги истражува наводите за злоставување деца во католичката црква. Нивното долготрајно истражување открива децении заташкувања на највисоките нивоа од верскиот, од правниот и од државниот систем. Тие го придвижија бранот револуции во целиот свет.

 

Oskarovcitelma2

 

Филмот доби шест номинации за Оскар – за најдобар филм, за најдобра режија (Томас МекКарти), за споредна машка улога (Марк Рафало), за споредна актерка (Рејчел МекАдамс), за монтажа и за оригинално сценарио.

 

Вторник, 4 јануари, "Трамбо"

Ѕвездата на "Breaking bad", Кренстон ќе го гледаме во "Trumbo", каде ја толкува насловната улога. Далтон Трамбо бил легендарен сценарист и писател од 40-те и 50-те години на 20-от век во Холивуд кој бил ставен на црната листа откако одбил да сведочи за неговата поврзаност со комунистичката партија на САД. Тој одлежал 11 месеци во затвор по сослушувањето на Комитетот за не-американски активности, а се верувало дека јавниот скандал комплетно ќе му ја уништи кариерата.

 

Oskarovcitelma3

 

Но, тој и покрај „азилот“ од Холивуд продолжил да работи како сценарист под псевдоним, а успеал да освои и 2 награди Оскар за филмовите Roman Holiday и The Brave One.

 

Среда, 5 јануари, "Младост"

Филмот „Младост“ („Youth“) на италијанскиот сценарист и режисер Паоло Сорентино ќе биде прикажан во среда на Телма. Улогите во филмот ги толкуваат Мајкл Кејн, Харви Кајтел, Рејчел Вајс, Пол Дано, Ед Стопард, Џејн Фонда, Палома Феит… Филмот минатата година ги доби наградите за најдобар европски филм, за режија и за машка улога, а беше номиниран за наградите Оскар, Златен глобус, Цезар, канската Златна палма итн.

 

Oskarovcitelma4

 

"La Giovinezza“ е приказна за Fred Ballinger (Michael Caine), пензиониран композитор и диригент, кој заедно со својата ќерка Leda (Rachel Weisz) и својот пријател Mick Boyle (Harvey Keitel) престојуваат во прекрасен хотел/спа во Швајцарија, обиколен со прекрасни тоблероне-погледи од швајцарските Алпи.

 

Четврток, 5 јануари, "Бруклин"

Во четврток на Телма ќе се емитува костимираната драма "Бруклин". "Бруклин" на Џон Краули е трогателна приказна за Еилиса Лејс, млада ирска имигрантка која го наоѓа својот пат низ Бруклин за време на 1950-те години. Привлечена од ветувањата на Америка, Еилис ја напушта Ирска и удобноста на мајчиниот дом и се упатува кон бреговите на Њујорк. Првите окови на носталгијата брзо исчезнуваат кога свежата романса ќе ја втурне Еилис во опојната прегратка на љубовта.

 

Oskarovcitelma5

 

Но, набрзо нејзината полетност ќе биде прекината од нејзиното минато и Еилис ќе мора да избира меѓу двете земји и меѓу животот што тие го нудат.Филмот Бруклин доби три номинации за Оскар: за најдобар филм, за главна ктерка (Серше Ронан) и за адаптирано сценарио.

Покрај основата, во под-темите режисерот Кроули и сценаристот Хорби начнале и теми како очекувањата на жената во општеството, женските односи, малограѓанштината и стандардите кои мора една жена да ги исполнува дури и во физичкиот изглед за да биде прифатена.

 

Петок, 6 јануари, "Мртов агол"

Филмот е режиран од Џон Ли Хенкок кој исто така го напишал и сценариото врз основа на книгата на Мајкл Луис „The Blind Side: Evolution of a Game“. Книгата ја опишува неверојатната, но вистинита приказна за Мајкл Охер, ѕвезда на американскиот фудбал.

 

Oskarovcitelma6

 

Филмот е базиран на вистинска приказна за еден популарен спортист, Michael Oher кој бил бездомник како дете. Симпатична мајка усвојува момче, таа е фер, мудра, со силна волја и независна жена која му помага да добие самодоверба, која подоцна му носи успех. Сандра Булок освои Оскар за најдобра актерка за нејзината улога како инспиративна мајка.

 

Дани | ТВ Пакет

DM AL 300x250

Ceca Pomal

Casot Na

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012