54654

Македонската комедија „Панкот не е мртов“ на 4. јануари на МТВ 1

 

Среда (04.01.2017), 22:40 часот - мк филм на Прва

 

"Панкот не е мртов" е во режија на Владимир Блажевски, а главните улоги ги толкуваат Јордан Симонов, Тони Михајловски, Камка Тоциновски, Џевдет Јашари, Кирил Поп Христов, Владимир Тулиев.

 

Pankotnamtvpredbad1

 

Главните ликови во оваа црна комедија се панкери кои се намерно оставени на маргините во матното време на македонската транзиција. Мирса е остарен панкер кој се бори со секојдневнието Скопје. Во раните 1990 се распаднала неговата рок-група, која тогаш имала култен статус. Еден ден, Мирса добива понуда, заедно со неговата стара група, да свири на прослава во Дебар. Тој се согласува и тргнува во потрага по другите членови на групата, а во тоа му помага поранешната девојка.

 

Pankotnamtvpredbad2

 

Некои членови на групата се сè уште во Скопје, но некои ја напуштиле Македонија за време на војната и распадот на поранешна Југославија. Да се покаже како живеат панкерите е предизвик за секој кој претставува моќ и власт на Балканот.

 

Pankotnamtvpredbad3

 

Награди:

- „Кристален глобус“ за најдобар филм во програмата „Источно од Западот“ - Меѓународен филмски фестивал Карлови Вари, 2011

- Награда за најдобар филм и МЕДИА награда - Филмски фестивал Тирана, 2011

- Најдобра улога/ Јордан Симонов - Филмски фестивал Прифилмфест, Косово, 2011

- Награда „Дијалог за меѓукултурни комуникации“ – Меѓународен филмски фестивал Котбус, Германија, 2011

 

Дани | ТВ Пакет

Dejavu Baner

Bannerprimetime

PvD 300x300

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012