54654

Божиќ на МТВ 1 со македонскиот филм „Деца на сонцето“


Недела на македонски филмови на Прва - љубов за Божиќ

 

Филмот е љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко, а дејството се случува на периферијата на едно гратче крај Преспанското Езеро. Приказна за семејството и лојалноста, љубовта и загубата, предавството и искупувањето. Додека мафијата го уништува животот на едно големо семејство и ги остава на работ на егзистенција, силна и тајна љубов се разгорува помеѓу Марко (гангстер) и Ангела - двајца млади љубовници.

 

Decanasoncetomtv1bozik1

 Одеднаш среќата му се насмевнува на семејството… Светската премиера на филмот се одржа на 25 септември 2014 година, на Меѓународниот фестивал „Рејнденс“ во Лондон, каде што филмот се натпреваруваше во официјалната конкуренција. Во декември 2014 година, филмот беше прикажан на Филмскиот фестивал „Фест“ во Белград.

 

Decanasoncetomtv1bozik2

 

Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот глуми и епизодна улога. Улогите ги толкуваат Кире Ѓоревски, Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Милица Стојанова и др. Режијата е на Антонио Митриќески, а сценариото на Гордан Михиќ.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012