54654

МТВ и Алфа, и за овој Велигден со реприза на библиските филмови

 

Истите филмови за Велигден веќе неколку години

 

Ако порано бевме навикнати на секој Божиќ и Велигден да гледаме премиерни библиски филмови кои зборуваат за раѓањето или воскресението на Исус Христос, последниве години нашите телевизии не одвикнаа од таа навика.

 

Bibliskipakrep1

 

Па така, Алфа вечерва, ден пред Христовото воскресение ќе ги емитува "На почетокот" и "Исус", a пак за време на утрешниот голем празник во 14.40 часот ќе го прикажува "Марија, мајката на Исус". Во "The mother of Jesus", премиерно емитуван на Алфа за Велигден во 2014 година, главните улоги ги толкуваат Кристијан Бејл, Пернила Август и Мелинда Кинаман. Филмот е драматизација за животот на Марија и Јосиф, зачнувањето на Марија со синот Божји, нивните маки и премрежија за почетокот на христијанството.

 

Bibliskipakrep2

 

Првиот канал на Македонската телевизија со уште една реприза на италијанската мини серија "Марија од Назарет". Серија за животот на Богородица, серија која што му овозможува на гледачот да биде сведок на мистериите и на доживувањата на една млада девојка, на која и е доверена голема улога.

 

Bibliskipakrep3

 

Од Благовестие до Велигден се прикажани сите животни премрежиња на Марија, сета нејзина радост и сета тага што ја преживува. Мажите и жените околу неа и` помагаат да го извезе емотивниот гоблен на нејзиниот живот. Во тоа најмногу се залага Јосиф, нејзиниот сопруг, човек од крв и од месо, од кого се бара да поверува во единствената судбина на Марија, да се откаже од многуте права и благодети на бракот. По сценарио на Џакомо Кампиоти, во серијата главните улоги ги толкуваат Алиса Јанг, Паз Вега, Антониа Лискова.

 

Bibliskipakrep4

 

Серијата на Прва ќе се емитува вечерва, веднаш по полноќ со две епизоди, и утревечер во 22 часот ќе биде емитувана последната епизода.

 

Дани | ТВ Пакет

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012