54654

Трилер со Форест Витакер и акција со Мел Гибсон вечерва на Сител

 

Трилер драмата "Diary of a Hitman" вечерва на Сител

 

Недела вечер, веднаш по "Добриот термин", термин резервиран за трилер филм на Сител. Во 21 часот, денес ќе се емитува "Дневникот на убиецот" (Diary of a hitman), филм од 1991 година во кој настапуваат Форест Витакер и Шерил Фен во главните улоги.

 

Dnevnikotnaubiecot1

 

Платен убиец подготвен да заврши со валканиот бизнис, добива последна задача - да ги убие жената и детето на неговиот садистички клиент. Но, задачата е многу потешка од неговите очекувања. Колку повеќе време ќе му треба за да се реши да ја убие Џени, толку повеќе работата ќе се комплицира за Дерек.

 

Dnevnikotnaubiecot2

 

Веднаш, пак, по последниот Дненвик на Сител, по 23 часот ќе се емитува "Ер Америка" (Air America), американски филм, во режија на Роџер Спотисвуд. Главните улоги ги толкуваат: Мел Гибсон, Роберт Дауни Џуниор, Ненси Тревис и Кен Џенкинс.

 

Dnevnikotnaubiecot3

 

Младиот пилот Џексон со морални дилеми се вработува во авио-компанија која шверцува опиум и оружје. Имено, ЦИА формирала авио-компанија, наречена “Ер Америка”, која од Лаос испорачува оружје за американските војници во Виетнам, но му помага и на локалното население во снабдувањето со храна. Истовремено, компанијата заработува така што шверцува опиум.

 

Дани | ТВ Пакет

Pivo Baner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012