54654

Пирс Броснан и Рене Русо во „Аферата Томас Краун“ - вечерва на Сител

 

Веднаш по Домаќинот, Пирс Броснан и Рене Русо во саботното кино на Сител

 

Совршен ум ќе смисли совршен план за совршена кражба, но не планирал дека некој ќе му биде голема закана и опасност. Вечерва на Сител, време за блокбастер во 21.15 часот, веднаш по хит комедијата "Добриот домаќин".

 

Tomaskraun1

 

Томас Краун е бостонски адвокат, постојано окружен со убави и фатални жени. Но, Краун има една маана - од хоби се занимава со крадење на скапоцени уметнички дела. Еден ден милионерот Краун ќе изведе уште едно педантно испланирано и елегантно кривично дело, крадејќи една скапоцена слика од њујоршкиот Метрополитен Музеј. Меѓутоа, овојпат во трага ќе му влезе детективот Мајкл Макен и Кетрин Бенинг, привлечна претставничка на осигурителната компанија, која поради кражбата изгубила многу пари.

 

Tomaskraun2

 

Кетрин е интелигентна и одлучна во намерата да го фати виновникот и крадецот, но и да ја врати украдената слика на вистинскиот сопственик. Сепак, се случува нешто непредвидено - Томас и Кетрин започнуваат љубовна афера, и сега на потег е Кетрин - дали на нејзината одлука ќе влијае приватниот или професионалниот живот?

 

Дани | ТВ Пакет

 

Pivo Baner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012