54654

ТВ Пакет со циклус филмски рецензии - прв во редот „Prestige“ (2006)

 

Кристијан Бејл и Хју Џекман во "Престиж"

 

ТВ Пакет во соработка со блогот "Филмска анализа" ви претставува циклус рецензии на филмови, кои ќе ве натераат да ги погледнете и сами да донесете сопствен суд. Циклусот рецензии започнува со осврт на филмот "Престиж"; рецензијата е дело на Сузана Бариќ и превод на Александар Арсовски.

 

Theprestige2

 

„Секој голем магионичарски трик се состои од три дела. Првиот дел се вика залог: магионичарот покажува нешто необично, но секако, тоа најверојатно не е необично. Вториот дел се вика пресврт. Магионичарот го зима обичното нешто и прави да му се случи нешто необично. Ако барате тајна... нема  да ја најдете. Затоа постои трет дел - ПРЕСТИЖ. Тоа е делот на пресвртот каде што ќе видите нешто шокантно, што никогаш порано не сте го виделе.“

Токму со овој цитат може да се опише дејствието на овој прекрасен филм од Кристофер Нолан (Christopher Nolan), кој според мене е во топ пет филмови на сите времиња.

 

Theprestige1


Алфред Борден и Роберт Анжиер се два врвни магионичари кои функционираат под палката на стариот мајстор Катера кој ги советува како да напредуваат. Меѓутоа, за време на еден нивен ризичен перформанс се случува несреќа која засекогаш ги разделува и тие стануваат смрттни непријатели. Ривалството кое и претходно постоеше меѓу нив сега преминува на едно повисоко ниво. Тие меѓусебно започнуваат да си љубоморат и стално настојуваат да го упропастат талентот, вештината и дарот на противникот. Таа нивна љубомора на крајот ќе предизвика фатални последици.

 

Theprestige3


Филмот е работен по адаптирано сценарио (Нолан го направил со неговиот брат Џонатан) на романот Кристофер Приста од 1995 година,интересно е тоа што Кристофер инсистирал токму Нолан да го направи овој филм. Овој филм се смета за едно од најдобрите дела на Нолан, затоа што е најкомплетно. Во низата на одлични филмови се вбројуваат и Memento и Inception, но сепак овој филм оди чекор понапред и претставува вистинско ремек дело.

Во филмот нема празнини, досадни моменти од приказната, ниту пак празни одови, цело време филмот држи едно темпо кое е лесно да се следи, а само наизглед се чини дека е многу комплицирано. Атмосферата на филмот е навистина мрачна, на моменти и језива. Дејствието се случува на почетокот од дваесетиот век во тогашниот Лондон. Дејствието се објаснува и разрешува со секој нов кадар, а како дејствието напредува така работите стануваат се појасни и доаѓаме до многу впечатлив, неочекуван и малку шокантен крај кој ја заокружува целата приказна. Така може да се опише и режијата на Кристофер Нолан која навистина секогаш е на највисоко ниво.

 

Theprestige4


Глумата исто така е една од најсветлите точки на овој филм, посебно двајцата главни протагонисти. Кристијан Бејл (Christian Bale)  го игра брилијантниот и доста креативен магеоничар на кој му фали самоувереност за да го спроведе сето она што го има замислено во делото, додека неговиот конкурент, кој го глуми Хју Џекман (Hugh Jackman) не му недостасува таа самоувереност, туку ја има повеќе од потребно, но него му фалат идеи и кретивност. Токму затоа овие двајца се прекрасен актерски пар на филмот, затоа што на некој начин се дополнуваат.
Освен овие двајце вреди да се пофали и Мајкал Кејн (Michael Caine), кој е глумечка легенда, потоа убавата Ребека Хол (Rebecca Hall), како и ликот на Никола Тесла, кој го глуми музичарот Дејвид Бови (David Bowie).   Многумина му замеруваа на Нолан за овој избор на актери, велејќи дека Бови воопшто не личи на Тесла, ниту пак одговара со акцентот, иако тогаш веле тој долго време бил американски граѓанин, па нормално е да му се има изгубено балканскиот акцент.

Бидејќи станува збор за фантастична трилер/драма не може да се извлече некоја длабока поента која би била хајлајт на филмот. Можеби само тоа дека во животот се се плаќа, кога-тогаш, вака или онака, како и тоа дека балансот помеѓу доброто и злото е навистина разнишан и дека не можеме да бидеме сигурни дека секој ќе го добие токму она што го заслужува. Меѓутоа секој гледач на овој филм ќе го добие тоа што го заслужува, а тоа е едно генијално филмско дело, уште подобар филсмки режисер кој ќе те натера да размислуваш и во исто време ќе те развесели и натажи.

 

извор:

http://filmskaanaliza.blogspot.mk/2017/07/the-prestige-2006.html

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012