54654

Инфо | Секоја вечер со филм на Прва, погледнете ги насловите

 

Репризи на играни филмови ова лето на МТВ 1

 

Летно кино и на Македонската телевизија. Доколку не сте љубител на семејните надсинхронизирани драми кои веќе осма година по ред се најгледана телевизиска содржина, тогаш МТВ ви нуди секоја вечер да ја поминете со игран филм. Веднаш по централниот Дневник, во 20.15 часот, следуваат филмови на Прва.

Среда (26 јули)

"Interrogation" е американска акција од 2016 година, во режија на Стивен Рејнолдс, а во главните улоги настапуваат Ц. Џ. Пери, Џулија Бенсон, Адам Коупленд.

 

Interrogation1

 

Испитувачот на ФБИ (Адам Коупленд) и специјалистот по информатичка технологија( Ц.Џ. Пери) имат многу важна задача и осмислуваат извонреден криминален план за да ја откријат вистинската цел на злосторникот. Откако ФБИ добива закана со која е загрозен целиот град, тие двајца започнуваат  серија на умствени игри со брилијантниот криминалец, очајно тркајќи се со времето за да стигнат до целта, а воедно да заштитат илјадници животи. Коупленд и Пери се ненадминливи во овој возбудлив трилер доведувајќи нѐ до работ на неизвесност.

 

Четврток (27 јули)

 

Interrogation2

 

"Кадилак рекордс" претставува музичко биографска приказна за Леонард Чис, основач на моќната дискографска куќа Чис рекордс.
Чикаго, 50-тите години на минатиот век. Возбудливи и турбулентни животни патишта на некои од легендите на американската музичка сцена кои снимале за Чис рекордс. Секс, насилство, трки, рокенрол.. и Мос Деф како пионер на рокенролот, Чак Бери, Бијонсе Ноулис во улога на соул пејачката Ета Џејмс и Адриен Броди како белецот Леонард Чис, кој го препознал големиот потенцијал на црнечката музика.

 

Петок (28 јули)

 

Interrogation3

 

"Компјутерџија", мистериозен трилер со Пирс Броснан и Џејсон бери. Мајк Реган има сè што може некој да посака; прекрасна жена и 17-годишна ќерка, како и супер модерна куќа со врвна технологија. Но набрзо тој ќе се најде сред смртоносна игра на мачка и глушец, кога неговиот ИТ-консултант Ед, ќе се вплетка во неговиот, но и во животот на неговото семејство. Mајк е принуден да ги користи старите врски за да го победи новиот непријател.

 

Interrogation4

 

Во петок, пак, на полноќ, време за хорор. Незапирливиот Џејсон во новиот филм „Петок 13“ тргнува во нов поход. Тој е сега  човечко суштество а не зомби или супермен, кое бара одмазда за свирепото убиство на својата мајка Памела, а неговиот растроен ум е подготвен на сè.
Филмот не е класичен римејк од 1980 година, туку ново продолжение за Џејсон, кое од почетокот до крајот нè држи во голема возбуда и неизвесност.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012