54654

Вечерва на Сител, нов дел од филмската класика за Пинк Пантер

 

"Curse of Pink Panther" (1983), во 21 часот на Сител телевизија

 

Вечерва на Сител, веднаш по Домаќинот ќе се емитува ново продолжение од серијата криминалистички комедии на Блејк Едвардс за инспекторот Клузо. Во овој филм улогата на инспекторот ја толкува Роџер Мур.

 

Thecurseofpink1

 

Во ова продолжение, најпознатиот истражувач на светот, инспекторот Клузо се уште се смета за исчезнат. Инспекторот Дрејфус се обидува да најде човек кој на најлесен и најефикасен начин би го нашол неговиот непријател Клузо. Оној што ќе ги задоволи сите барани параметри ќе биде полицаецот Клифон од Њујорк. Па така, Клифон ќе тргне во потрага по Клузо, испитувајќи ги сите некогашни пријатели и соработници на инспекторот.

Thecurseofpink2

Трагите го водат до една грофица, каде се претпоставува дека се крие Клузо. Она што полицаецот го има како информација е дека бараниот Клузо е со променет лик по направена пластична операција и дека заедно со украдениот дијамант се крие токму кај грофицата.

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012