54654

За крај на летната сезона, насмејте се со „Жикина династија“ на Сител

 

Од понеделник до петок во 17.15 часот - "Луди години"

 

Zikinadinastija171

 

Култниот српски серијал "Жикина династија" повторно на телевизиските екрани. Од понеделник (4 септември) па во наредните 10 дена во 17.15 часот, Сител телевизија ќе ги емитува сите продолженија на овој филмски серијал. Пред почетокот на новата тв сезона, проследете ги омилените филмови за сите ју-носталгичари.

 

Zikinadinastija17.152

Сценариото за легендарниот филм „Жикина династија“ Зоран Чалиќ го напишал кон крајот на 1984 година. Уште на почетокот на наредната година почнале подготовките за снимање на продолжението на суперпопуларниот филмски серијал „Луде године“.

Првиот филм на овој серијал бил замислен како тинејџерска приказна за проблемите и љубовта на младите, но набрзо тој филм прераснал во комедија која ја освоила цела бивша Југославија. Жика и Милан се ликовите кои се најзапаметени од филмот, и токму поради најпопуларниот лик Жика, серијалот го доби називот "Жикина династија". Гледаноста на серијалот била постојано висока, но во 1993 година, по десет продолженија, починал Драгомир Бојаниќ Гидра (Жика), по што престанало снимањето на филмовите.

 

Zikinadinastija173

 

Жика е таткото на Боба, млад средношколец кој се вљубува во убавата Марија. Но, Марија набрзо останува бремена и тогаш започнуваат проблемите. Семејството на Боба сака таа романса да се круниса со брак, на што се противи Милан, таткото на Марија. Згодите и незгодите продолжуваат понатаму. Кога ќе се роди детето, на ред доаѓа нов проблем - кој од двајцата дедовци треба да помине подолго време со бебето?

 

Zikinadinastija175

 

Додека Милан го испраќа внучето на часови по виолина и англиски јазик, Жика сака да го научи на кафанскиот живот и на својот занает. Комичните случувања во овие семејства продолжуваат и кога внукот Миша ќе порасне и ќе се вљуби во една девојка, но и кога стариот Жика ќе реши да се жени.

 

Zikinadinastija174

 

Последните денови од летната телевизиска сезона, Сител телевизија ви нуди да ги поминете токму со јунаците од Жикината династија. Препуштете се на громогласната смеа со Драгомир Бојаниќ, Марко Тодоровиќ, Јелена Жигон, Весна Чипчиќ, Велимир Живојиновиќ...

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012