54654

Премиерна програма на Алфа - игран филм секоја вечер во 21 часот

 

Алфа конечно со премиерна играна програма

 

Од утре, 4 септември, понеделник - Алфа телевизија започнува со емитување на игран филм, секоја вечер во 21 часот. ТВ Пакет го поздравува овој чекор на Алфа и ве информира за престојните филмови за оваа седмица :

 

Filmzabranetokr0

 

Понеделник, 21 часот - термин за ЈУ филм, "Шеста брзина"

Познатите Зоран Радмиловиќ, Бата Живојиновиќ, Мира Бањац и Милена Дравиќ во филм од 1981 година. Филмот ги прати авантурите на еден автомеханичар. Некои од незгодите се тажни, некои смешни, некои ја откриваат убавината, а некои бедотијата на човечката душа. Тој се обидува постепено да се промени и да воспостави чисто професионален однос кон неговите муштерии, а пример за тоа му е пријателот од спроти патот.

 

Filmzabranetokr3

 

Вторник, 21 часот - "Офицерски заговор"

"Echelon Conspiracy" е акционен трилер со Мартин Шин и едвард Брнс. Во филмот, Макс е експерт за технологија и кој работи на сигурносни системи за компјутери. Еден ден, тој ќе добие неочекуван подарок - телефон со пораки со кој може да добива во секоја коцкарница. Но сето тоа има своја цена - одеднаш станува мета на ЦИА и службата за обезбедување на казиното. Она што Макс треба да го направи е да открие кој сака да му намести таква завера.

 

 Filmzabranetokr1

 

Среда, 21 часот - "Смртна пресуда"

Кевин Бејкон во оваа акција го гледаме како таткото кој ќе тргне во потрага по правдата, откако неговиот син ќе биде убиен поради еден чуден ритуал. Тој ќе мора да ја заштити фамилијата од оваа чудна банда и да ја одмазди смртта на синот. Институциите на системот ќе потфрлат, па затоа тој по секоја цена ќе ја земе правдата во свои раце.

 

Filmzabranetokr2

 

Четврток, 21 часот - "Фармер астронаут"

Еден Тексашки ранчер ќе се обиде да конструира ракета и да ја лансира во вселената. Неговата желба да стане дел од НАСА ќе го натера да работи на својата идеја на неговиот ранч во Тексас. Но, ФБИ ќе му влезе во трага откако ќе се обиде да купи гориво за ракетата, а пак сопругата ќе му се налути затоа што банката се заканува дека ќе им го одземе имотот. Дали овој американски сон на 21 век е само лудило или оние кои веруваат во соништата се обични будали?

 

Filmzabranetokr5

 

Петок, 21 часот - "Забрането кралство"

"Forbidden Kingdom" e американски филм од 2008 година, во режија на Роб Минкоф. Главните улоги ги толкуваат Џеки Чен и Џет Ли.

Копајќи по пиратските ДВД-ја во една заложилница во кинескиот кварт, Џејсон доаѓа до чудесно откритие, кое ќе го врати во времето на древната Кина. Кога ќе пристигне таму, тој добива важна задача – да го ослободи славниот воин Кралот на мајмуните кого го заробил лошиот војсководец од Жад.

 

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012