54654

Семејна комедија и романтична драма за овој викенд на Сител

 

Сабота и недела пред ручек - време за филмче на Сител

 

Atfirst3

 

Oд понеделник до петок во 23.30 часот, ноќно кино на Сител телевизија. Ако за работната седмица гледаме драми, трилери и акции на Сител, викенд попладнето е резервирано за порелаксирачки филмови. Па така, два нови филма и овој викенд на Сител телевизија.

Сабота, 13.20 часот ќе се емитува романтичната драма "На прв поглед", снимена во 1999 година. Мира Сорвино и Вал Килмер ги толкуваат главните улоги, а режијата му припадна на Ирвин Винклер.

 

Atfirst2

 

Ејми Беник  е архитектка од Њујорк, која постојано се наоѓа под притисок во својата работа. Затоа, таа заминува на одмор во еден мал провинциски град, каде што го запознава слепиот масер Вирџил и се вљубува во него. Таа го наговара Вирџил на експериментална операција, која завршува успешно и нему му се враќа видот. Меѓутоа, по операцијата, Вирџил открива дека реалната претстава за светот не е таква како што тој замислувал претходно.

 

Atfirst1

 

Во недела, пак, во 13.50 часот ќе се емитува "Твои, мои, наши". "Yours, mine and ours" e семејна комедија со Денис Квејд и Рене Русо во главните улоги, а зборува за едно семејство со 18 деца. Таа има еден брак позади неа со 10 деца, а тој пропаднат брак со 8 деца. По многу години, двајцата ќе се сретнат и сфатат дека средношколската љубов никогаш не згласнала. Но, веќе се возрасни и ќе сакаат љубовта да ја зачуваат во една хармонична заедница. Започнуваат да живеат заедно под ист покрив, заедно со сите нивни деца. Навидум интересно и лесно, но набрзо сфаќаат дека во таа куќа, никој со никој не се поднесува.

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012