54654

Ова се филмските наслови за овој викенд (9-10 сепември) на МТВ 1

 

Трилер, фантазија и документарец овој викенд на МТВ 1

 

Сабота, 14.30 часот - "Cobbler" (Чевлар)

Адам Сендлер, Дастин Хофман, Стив Бушеми и Ден Стивенс во саботната фантастична драмедија на Прва. Еден обичен чевлар одеднаш открива волшебна дарба која ќе му го смени животот. Макс поправа чевли во семејниот дуќан во Њујорк, живее просечно и е разочаран од секојдневието. Еден ден открива волшебна машина за шиење која му овозможува да „влезе” во кожата на своите муштерии, т.е. да оди во нивните чевли. Макс станува друг човек и го гледа светот во многу поинаква светлина.

 

Stikmekvin1

 

Сабота, 20.15 часот - "I love your work" (Потемнет сјај)

Џована Рибиси, Кристина Ричи, Џошуа Џексон, Франка Потенте во вечерниот прсихолошки трилер на МТВ. Гилмор зборува за Греј Евенс, успешен, млад артист, на кој сѐ му поаѓа од рака. Тој е оженет со преубавата глумица Миа, снима високо буџетни филмови, има многу пари и голем број на обожаватели и фан клубови. Сепак, работите тргнуват по надолна линија кога ќе се посомнева во искреноста на својот однос кон сопругата, што го наведува да размислува за целиот свој живот Греј започнува да си замислува некои работи, како и дека некој обожавател го прогонува. Обидувајќи се да ја разграничи реалноста од илузијата, тој почнува да прави чудни работи кои ке му го сменат животот преку ноќ.

 

Stikmekvin2

 

Недела, 14.50 часот - "Cirque du soleil: worlds away" (Циркус на сонцето : далечни светови)

Визионерскиот режисер Џејмс Камерон и Ендрју Адамсон ни приредуваат спектакуларна авантура. Најславниот светски циркус нè води на едно фантастично патување. Кога еден млад пар ќе се раздели, мора да ги пропатуваат волшебните светови на „Циркус на сонцето” за повторно да се пронајдат. Единствено и неповторливо доживување со седум настапи во живо преточени во една прекрасна циркуска љубовна приказна. 

 

Stikmekvin3

 

Недела, 20.15 часот - "Steve McQueen: the man & le mans" (Стив Меквин - човек и тркач)

Играно документарен филм, кој е прикажан во 2015 на филмскиот фестивал во Кан, и на автентичен начин ги прикажува личноста и животот на легендарниот глумец. На снимањето на филмот Стив ветил  дека сцените од трките ќе бидат до таа мера веродостојни, што инсистирал тој да вози со реална брзина. Неговите филмски улоги исто така се значајни по возење на автомобили и на мотори, а познат е по тоа што во многу опасни сцени глумел сам и не дозволувал да го заменат каскадери. Легендарен артист и неодолив бунтовник и шмекер со продорно сини очи кој живеел по сопствени правила и кој, и до денешен ден останал модерен претставник на поп културата.

 

Stikmekvin4

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012