54654

Неделно филмче на Сител - комедијата „Русокоса по закон“ во 13:30 часот

 

"Русокоса по закон" - недела, 24 септември, Сител

 

Недела, време пред ручек е време за филм на Сител. Во 13.30 часот ќе се емитува "Legally blonde", комедија во која главната улога ја толкува Рис Видерспун.

 

Legallyblonde1

 

Филмот зборува за откачената девојка Ел Вудс, членка на калифорниско сестринство, која за да би го задржала својот дечко Варнер, ќе се запише на правната школа на Харвард. На тој чекор се одлучува откако наместо да биде запросена од дечкото, таа ќе добие одговор дека е несериозна и разгалена богаташка која може само да му пречи во понатамошната кариера. Но, дали русокосите се навистина глупави или нашата русокоса по закон ќе го порекне тоа и ќе докаже токму спротивното?

 

Legallyblonde2

 

Овој филм е номиниран на Златен Глобус за најдобра комедија и најдобра женска улога, а во листата на "Најсмешни филмови" на магазинот Браво во 2007 година, му припадна 27.то место.

 

Дани | ТВ Пакет

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012