54654

„Десеттото кралство“, бајковит минисеријал на Сител за празниците

 

Авантурата за Десеттото кралство за празниците на Сител

 

"10-тото кралство" е американски филм, продуциран од британската продукција Carrnival films, германската Babelsberg Film und Fernsehen и американската Hallmark Entertainment. Мини серијалот на филмови за прв пат беше емитуван на NBC во пет дела и тоа во февруари 2000-та година. Има освоени ЕМИ награда за дизајн на наслов, а премиерата имаше 14,04 милиони гледачи.

 

10kralstvo1

 

Се работи за современа детска авантура, сместена во светот на фантазијата која ќе ги оживее ликовите од бајките, европскиот фолклор и митологијата. Првиот дел ќе биде емитуван на Сител денеска во 12.20 часот, а вториот утре на 1 јануари во 11.30 часот. Останатите делови ќе ги гледате за Бадник и Божиќ.

Филмот ја следи приказната за Вендел, господар на четвртото Кралство и внук на Снежана, кого Лошата кралица го претвора во куче, а  кучето пак го добива неговиот лик.

 

10kralstvo2

 

Душата на Принцот е во телото на златниот ретривер кој решава да побегне од злобните раце на Лошата кралица, на тој начин што низ магичното огледало ќе се телепортира во Њујорк. Во големиот град, тој ја запознава келнерката Вирџинија, која хронично се жали на нејзиниот досаден и едноличен живот. Но, тогаш започнуваат авнатурите кои ќе ги следат Вендел и Вирџинија до самиот крај. Тука се Ловецот, трите трола хулигани и получовекот-полуволк кои треба да го вратат Вендел кај Лошата снежна кралица.

 

10kralstvo3

 

Магична приказна која нѐ враќа во светот на бајките. Авантурата за "Десетото кралство" ќе ги однесе ликовите во реалноста, но и ќе ги врати во светот на бајките каде и не е сѐ така убаво и розово. Тие ќе мора да се борат против лошата Кралица за на крајот да живеат среќни засекогаш.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

 

 

 

 

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012