54654

Пет детски филмови ќе бидат емитувани во Кинотека на Македонија

 

Министерство за култура најавува "Кино утро 2018"

 

Пет филмови за деца ќе бидат прикажани од 9 до 20 јануари во Кинотеката на Македонија. Програмата на Кино утро ќе биде отворена на 9 јануари со проекцијата на филмот „Мравко“. Истиот филм ќе може да се погледне и на 15 јануари. „Мравко“ е синхронизиран на македонски јазик.

 

Kinooutro20182

 

На 10 и на 16 јануари ќесе прикажува „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, на 11 и 17 јануари е филмот кој е синхронизиран на македонски јазик, – „Малите виленици Пикси“, на 12 и 18 јануари – „Мармадјук“, а на 13 и 20 јануари – филмот „Змејска топка 2“. Сите проекции ќе почнуваат напладне во 12 часот.

9 Јануари (вторник) и 15 јануари (понеделник) - Мравко (Antboy)
Откако го каснала мравка, дванаесетгодишното момче Пеле добива супер моќи. Со помош на вљубеникот во спортовите Вихем, Пеле создава таен идентитет – се претвора во супер херојот Мравко.



Kinooutro20181

 

10 јануари (среда) и 16 јануари (вторник) - Облачно со можност за дожд од ќофтиња (Cloudy with a Chance of Meatballs)
Флинт Локвуд се смета себе си за добар пронаоѓач на изуми, но никој не му верува во тоа, ниту пак тој успеал да создаде корисен изум. Кога неговото гратче ќе се најде во економска криза тој ќе создаде машина што во атмосферата ќе предизвика дожд од храна.

11 (четврток) и 17 јануари (среда), 12:00 ч. - Малите виленици Пикси (Pixies)
Џо Бек ја изгубил љубовта на неговиот живот поради „клетвата на пикси“ која била фрлена на него откако ненамерно го уништил селото на малите виленици и го повредил принцот Вилијам.

 

Kinooutro20183


12 (петок) и 18 јануари (четврток) - Мармадјук (Marmaduke)
Семејство од предградијата во САД решава да се пресели во нов дом заедно со нивното големо куче Мармадјук кое има способност да привлекува непријатности.

 

 Kinooutro20184


13 и 20 јануари (сабота) - Змејска топка 2 (Doragon bôru Z: Fukkatsu no ‘F)
Во недостиг на водач, остатоците на војниците на Фриз сега се под команда на вонземјанинот Соруба кој решава да го оживее Фриз. Тие доаѓаат на Земјата, каде што ги собираат неговите делови, со намера да го состават.

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Mins

300x300 Min

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012