54654

Џенифер Анистон на МТВ за Водици, МК филм на Наша, српско на Канал 5

 

Филмска понуда на македонските тв канали за ден, Водици

 

Петок навечер. Доколку не сте излезени, може да се опуштите во домашен амбиент со филмче на телевизија. ТВ Пакет во преден план ја става програмата на македонските телевизиски канали и затоа ви презентира какви филмови ќе емитуваат тие вечерва, па согласно желбите и барањата, одредете со која фреквенција ќе се дружите.

Поради ракометните натпревари од актуелното Европско првенство, вечерва нема филм на Телма. Затоа на МТВ 1 ќе ја гледате американската драма "Cake" точно во 21 часот.

 

 Cakevodici1

 

Џенифер Анистон во филмот ја глуми Клер, жена која по трагичната несреќа доживува физички и психички трауми, страда од депресија, тешко ù успева да ги контролира гневот и зависноста од таблети. Таа се согласува да влезе во групата за поддршка на луѓето со хронични болки. За време на терапиите, таа ќе се опседне со една членка од групата која извршува самоубиство. Дејството на филмот ја следи нејзината опсесија, а истовремено ни ги прикажува нејзините маки со кои се соочува секојдневно.

 

Cakevodici4

 

Во 20:40 часот по турските серии на Канал 5 следува југословенски филм. Како и секоја вечер, така и оваа српско ќе се слуша на екранот на Канал 5.

На Наша ТВ во 22.30 часот ќе се емитува филмот "Одмазда" во македонско белгиска продукција. Дејството на филмот се случува кон крајот на XIX, почетокот на XX, како и втората половина на XX век.

 

Cakevodici2

 

Локациите се различни, наполно спротивставени, како што е руралната Македонија од една страна и урбаната средина на еден рударски регион во Белгија од друга… Доаѓањето на младиот Турчин Орхан Карахасан во Белгија не е мотивирано од економска присила, туку зад тоа стои примитивно кодираниот запис за крвната одмазда. Тој во градот го бара Павел Најдовски, чиј татко на почетокот на векот го убил неговиот дедо Осман Карахасан, во една би можело да се рече, митски исконструирана семејна трагедија.

 

Cakevodici3

 

Примитивниот обичај - крвната освета - го наоѓа во туѓа земја каде што живее под туѓо име, а неговите две ќерки за Македонија знаат едвај нешто од премолченото потекло на нивниот татко. Но дури и таму, потомокот на фамилијата Карахасан го пронаоѓа, и сè се комплицира уште повеќе, кога Орхан Карахасан (не знаејќи) се зближува со една од ќерките на Павел…

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Mins

300x300 Min

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012