54654

Викендот завршува со италијанска драма и еротски трилер на МТВ 1

 

Вечерва на МТВ 1 :

 

недела, 21.01.2018, 20:40 часот - "Совршени странци" (Perfetti sconosciuti)

Италијанска драма комедија на Паоло Џеновезе која ќе не запраша - дали доволно добро ги познаваме своите блиски пријатели и можеме ли да ги насетиме нивните тајни?

 

Sovrsenistranbci1

 

За време на една вечера, седуммина пријатели убедени дека немаат никакви тајни меѓу себе, решаваат да играат една опасна игра. Секој од нив мора да го стави мобилниот телефон на маса, и сите пораки и повици стануваат јавни. Тие се обидуваат да докажат дека нема што да скријат едни од други, и наивната игра се претвора во нешто сосема друго. Скокотливите пораки се доволен показател колку всушност малку знаат за своите партнери и пријатели, со што сериозно се нарушува дотогашната пријатна атмосфера.

 

Sovrsenistranbci2

 

недела, 21.01.2018, 23:00 часот - "Станот" (Loft)

За крај на викендот, трилер на Прва со главни улоги Карл Урбан, Џејмс Марсден, Вентворт Милер. Филмот ја раскажува сторијата за петторица мажи потајно изнајмуваат стан каде што можат без страв да уживаат во вонбрачни љубовни афери и да си ги остварат најголемите фантазии.

 

Sovrsenistranbci3

 

Меѓутоа, фантазијата се претвора во ноќен кошмар кога во станот наоѓаат мртво тело на непозната жена и дека еден од нив има врска со овој настан. Тие стануваат параноични, почнуваат да се сомневаат секој во секого, што ги доведува во прашање меѓусебното пријателство и доверба. Истовремено, под притисок на страв, сомнеж и убиства, почнуваат да им се распаѓаат и браковите.

 

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Mins

300x300 Min

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012