54654

Сублимат на ликовната уметност во „Скопје Ремикс“ на Наша ТВ

 

Ако сте го пропуштиле, повторно емитување на "Скопје Ремикс" во петок

 

Петок, 26 јануари, во 22.30 часот на Наша ТВ ќе биде емитуван македонскиот игран филм "Скопје ремикс" во продукција на „Ново Македонско Видео”. Составен е од 9 приказни, сместени во Скопје, изработени од 10 еминентни македонски режисери.

 

Skopjeremiks1

 

Преку овие приказни се прикажуваат убавите и модерните страни на Скопје, зачинети со легенди кои му даваат посебност и уникатност на овој град за кој што многу луѓе надвор од нашата земја и не се запознаени.. "Скопје Ремикс" е сублимат на македонската ликовна уметност на 21 век, во кој се вклучени 100 уметници од различни области на уметноста. Овие уметници ја покажуваат својата вмешаност во филмот со своите скулптури, слики и инсталаци. Визуелен ремикс на Скопје, составен од 9 приказни го претставува Скопје не само каков е денес, туку исто така и како уметниците би сакале да биде.

 

Skopjeremiks2

 

Секој од филмовите обработува посебна љубовна тема или нејзин аспект. Преку филмот ќе биде промовирана македонската уметност на неколку различни нивоа и начини. Еден од поважните елементи е музиката и музичката сцена која што во последно време е во подем и која што е нераздвоен дел од овој омнибус филм.

Aктерската екипа во овој филм од 2012-та година ја сочинуваат Милан Тоциновски, Софија Куновска, Јовица Михајловски, Дејан Лилиќ, Кирил Коруновски, Нина Гачиќ, Оливер Митковски, Ана Стојановска, Александар Микиќ, Јана Стојановска, Камка Тоциновски, Јулија Милкова, Игор Ангелов, Владимир Христов, Сашко Костов, Ирфан Незир, Емра Куртишовa, Дади Ангеловски, Перо Арсовски, Славица Николовска Спасова и други.

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Mins

300x300 Min

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012