54654

Термин за македонски филм во сабота на Наша ТВ - вечерва „Мементо“

 

Време за македонски филм на Наша

 

24 март, ден сабота, време за македонски филм на Наша ТВ. Вечерва во 21.15 часот ќе биде емитуван "Мементо",македонски игран филм по сценарио на Димитрие Османли, Јован Бошковски и Ташко Георгиевски, а во режија на Димитрие Османли. Монтажер е Маја Лазаров, а музиката ја компонирал Бојан Адамиќ. Премиерата била одржана во 1967 година. Во продолжение прочитајте ја содржината :

 

Mementomkfilm1

 

Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер (Стево Жигон), германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана (Рената Фреискорн), млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е после неколку години кога Вили Милер диригира еден концерт на Средбата на солидарноста во Скопје.

 

Mementomkfilm2

 

Тие неколку дена минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на земјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето Гого (Предраг Ќерамилац) за кое ја врзува вистинска љубов.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012