54654

Ве потсетуваме на култниот гангстерски филм „Scarface“ со Ал Пачино

 

Рецензија на "Лице со лузна" од 1983 година со Ал Пачино

 

Во соработка со нашиот колумнист Александар Арсовски и блогот Филмска анализа ве враќаме во времето и ви доловуваме гледиште на култниот "Scarface". Сигурно се сеќавате на единствениот Тони Монтана?

 

Scarfaceanaliza1

 

После отварањето на пристаништето Мариел на Куба стотиона илјади кубански мигранти кои претставуваат проблем за владата на Куба добиваат прилика да дојдат до територијата на САД.  Меѓу нив е и Тони Монтана (Al Pacino) амбициозен млад дечко кој сака да направи големо богатство. Сепак како и големиот број на емигранти така и Тони ќе мора да почне од самото дно и започнува да работи како мијач на садови.  Подоцна заедно со неговиот пријател Мани (Steven Bauer) доаѓа до една ситуација од каде што се впушта во криминалски зделки па така првиот тест го поминува успешно и се вработува кај големиот нарко бос Франк Лопез (Robert Loggia).  Неговиот живот претставува тоа што Тони секогаш посакувал да го има, почнувајќи од влијанието и моќта, па потоа следуваат парите и преубавата сопруга, па така полека но сигурно Тони започнува да го зазема неговото место.

 

Scarfaceanaliza2

 

„Scarface“ е еден од филмовите кои не ја стекнал својата слава за време на прикажувањето туку низ годинините подоцна и така успеа да си изгради свој култен статус. Па така на голем број на листи може да се најде во категоријата топ пет најдобри гангстерски филмови,  а исто така остана и препознатлив и по клучната реплика на Тони: „Say Hello to My Little Friend“. 

Сценарист на филмот е добро познатиот Оливер Стоун (Oliver Stone) кој е добитник на три Оскари. Одредени критичари го поставуваат прашањето која била неговата намера додека го пишувал сценариото бидејќи Тони Монтана е претставен негативно и мрачно, а тоа баш и не е карактеристично за главните ликови.  Од една страна го имаме како грижлив за своето семејство, полн со оптимизам и амбиции, а според тоа и некои луѓе го сметаат како вид на пример или идол, додека од друга страна го имаме како аутодеструктивен лик кој убива луѓе со моторна пила.

 

Scarfaceanaliza3

 

Некои критичари сметаат дека Стоун додека го пишувал сценариото често бил во контакт со полицијата па така одредени случаи ги има внесено во самото сценарио, како што е убиството со моторната пила. Поединци пак сметаат дека Тони Монтана е настанат според животната приказна на Пабло Ескобар, но тоа и не е многу веројатно.

За време на снимањето на филмот имало проблеми со жителите на местото каде што снимале, па така тие морале да го преместат сетот од Флорида во Калифорнија, но незадоволството одело дури до таму што некои од актерите кои работеле на филмот добивале и смртни закани.

 

Scarfaceanaliza4

 

Главна причина зошто овој филм го има сегашниот статус е одличната изведба од страна на Ал Пачино во главната улога. Тој има е навистина, ефикасен, уверлив, харизматичен и успешно го држи вниманието скоро цели три часа. Иако има глумено во бројни филмови улогата на Тони Монтана може да се каже дека дефинитивно му ја одбележа неговата кариера.  Додека пак во плејадата на квалитетни актери може да се издвојат и Мишел Фајфер (Michelle Pfeiffer) како и Стивен Бауер (Steven Bauer) кој е единствениот вистински кубанец во целата актерска постава.

 

Scarfaceanaliza5

 

Овој филм може да се смета како задолжителна лектира за секој љубител на филмови. Насилна, ефективна и интересна приказна за пожртвуваноста, за желбите, мотивите, амбициите, пријателствата, почитта и предавството.

 

| ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012