54654

Серијал на филмови по дела на Нора Робертс од вечерва на Сител

 

"Montana sky", филм од 2007 година на Сител телевизија

 

Приказна за три сестри, три преплетени судбини, три животи кои ќе се врзат во една во цврста и нераскилнива нишка... На погребот од Џек Мерси се собират многу луѓе, но не од тага, туку да се уверат дека тој злокобец навистина е мртов. Богатиот и озлогласениот Џек Мерси го остава својот голем и богат ранч во Монтана на своите три ќерки со еден необичен услов запишан во неговиот тестамент.

 

Montanasky1

 

Трите сестри кои практично се како туѓинци меѓу себе, мора да останат заедно да живеат на ранчот една година, а доколку не го исполнат тој услов, ќе го загубат наследството. Ќе може ли Вила, Тес и Лили да го исполнат условот добиен од нивниот татко? Вила е девојката израсната на ранчот која нема да им посака срдечно допбредојде на своите две сестри. За разлика од неа, Тес е гламурозна и каприциозна која се враќа од Холивуд, а Лили е мирна и скромна која смета дека конечно нашла дом.

 

Montanasky2

 

Но на ранчот започнуваат да се случуваат свирепи убиства кои навестуваат вистинска драма под небото над Монтана. Некој ќе ги демне сестрите на ранчот затоа што има нерасчистени односи со нивниот татко, а од друга страна само со слога и љубов, сестрите ќе се изборат со злото.

Вечерва, 9 мај, 23.30 часот, филм на Сител.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012