54654

Акцискиот трилер „16 Blocks“ со Брус Вилис - понеделник на Сител

 

23.30 часот, веднаш по последниот Дневник на Сител - време за филм

 

Во полноќното кино на Сител денеска, 14 мај, ќе го гледате "16 блокови", крими филм од 2006 година кој е номиниран за наградата Black Movie. Ричард Донер, холивудскиот хитмејкер и режисер на филмот е веројатно најзаслужниот за одличната прифатеност на филмот од страна на публиката.

 

16blokovisitel3

 

Врвен акциски трилер со напната приказна, уверливи карактери и извонредна актерска екипа која ја предводи еден од најпопуларните глумци од Холивуд, Брус Вилис (Умри машки, Шесто сетило). Ништо послаби улоги од херојската на Вилис, не покажаа ни Мос Деф и Дејвид Морс, неговите колеги во филмот.

Дејството се одвива во Њујорк и започнува една ноќ, кога мрзоволниот полициски детектив Џек по завршeтокот на ноќната смена, добива задача сепак да го испрати ситниот криминалец Еди Банкер од притвор до судница, каде треба да сведочи.

 

16blokovisitel2

 

Џек, уморен од работата и зависник од алкохол, сака што побрзо да ја заврши задачата како би се предал на чашката повторно. Но, не е свесен дека го пречекува највозбудливото утро било кога. На патот за судницата, Џек и сведокот затвореник се пресретнати од вооружени криминалци кои сакаат да го убијат Еди.

 

16blokovisitel1

 

Џек и Еди успеваат да побегнат, но неволјите започнуваат кога Еди треба да сведочи против колегата на Џек, еден корумпиран полицаец, кој бил оној што сака да го ликвидира Еди. Акција и напнатост до последниот здив, вечерва на Сител.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012