54654

Секоја вечер во 20:15 часот, летно кино со ЈУ филм на Алфа

 

Преглед на филмови на Алфа за следнава седмица :

 

Секој ден по два играни филма на телевизија Алфа. Додуша репризи на веќе емитувани содржини, но сепак вредно да се спомене. Во 20 часот и 15 минути по вестите ќе се емитуваат стари југословенски филмови. Во продолжение кратко запознавање со филмовите за следнава седмица :

 понеделник (21 мај) - Бурдуш

 

Burduscrnibombarder1

 

Филм од 1970 година, продолжение на серијата "Музиканти". Бурдуш, Рајко и Лепи Цане, познати како музикантите од претходната серија, сега се веќе познати и богати. Секој од нив тргнал по свој пат, па така осамен и изгубен, Бурдуш тргнува на пат со нови пријатели. Но, судбината повторно го спојува со старите другари кои и овојпат сите заедно започнуваат весела, циганска забава во возот.

 

Burduscrnibombarder2

 

вторник (22 мај) - Салаш во мал Рит

Добитник на неколку награди на фестивалот за филм во Пула, во овој воен филм на Бранко Бауер, ќе гледаме случувања во едно панчевско село пред Втората светска војна. Суров терор од страна на Германците кои сакаат да откријат кој го запалил житото и млади момчиња, од друга страна, кои ќе се обидат да ја спречат трагедијата.

 

среда (23 мај) - Како пропадна рокенролот

Филм со три независни дела. Приказните се одвиваат во контекст на популарната младинска култура во Југославија, во време пред распадот на земјата и се преполни со сатиричен и апсурден хумор.

 

Burduscrnibombarder3

 

Во првата приказна, пропаднатиот рокер Кома сака на својот татко, кој е продуцент, да му докаже дека новокомпонираната музика може да биде подобра од неговата музика. Тој се претвора во маскиран фолк-пејач, познат како Нинџа. Во втората приказна, Дракула лудо се вљубува. Една русокоса успева да му го одземе вечниот живот без помош од сонцето. Последната приказна е за Ева и Ѓуро. Таа е креаторка, а тој е музичар. Тие живеат во хармонична врска, но едно љубовно писмо носи раздор меѓу нив.

 

четврток (24 мај) - Лов во матно

Велимир Бата Живојиновиќ, Драган Николиќ, Мира Бањац, Нада Војиновиќ, Тихомир Арсиќ и Неда Арнериќ се главните улоги во комедијата на Властимир Радовановиќ.

 

Burduscrnibombarder4

 

Ју носталгичарите слатко ќе се насмеат кога Паја (Живојиновиќ) со семејството ќе се всели во празен стан и кога по некое време... ќе се појават вистинските сопственици на тој социјален стан. Каква одлука ќе донесе судот и кој ќе му помогне на Паја во правната разрешница?

 

Burduscrnibombarder5

 

петок (25 мај) - Црниот бомбардер

Извонреден филм кој стана препознатлив за една цела генерација на тинејџери во бивша Југославија. Сигурно многумина ќе се сетат на Црни и Луна, кои живеат во едно анархично општество и се во постојана борба за правда, среќа и слобода. Што ќе истрпи Црни за да ја оствари својата желба и да отвори сопствена радиостаница, во која нема да биде само радиоводител?

Драган Бјелогрлиќ останува запаметен по улогата на Црни во социјалната драма од 1992 година.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012