54654

Хорор акција, трилер и суперхеројски филм празнично на Телма и МТВ

 

Што ќе гледате вечерва на Телма и на Прва :

 

петок (25.мај 2018) - "Челичен човек" на Телма (19.00 часот)

Кларк Кент е обичен новинар се до момент кога  е принуден да се соочи со своето вонземјанско потекл бидејќи генералот Зод ќе ја нападне Земјата. Тогаш младиот херој  Кент одлучува да ја прифати судбината и станува Супермен – човек од челик…

 

Manofsteeltelma1

 

Режијата на овој бритнаско американски суперхеројски филм е на Зак Снајдер, а улогите ги толкуваат Хенри Кавил, Ејми Адамс, Мајкл Шенон.

 

петок (25.мај 2018) - "Пеколен портокал" на Телма (22.00 часот)

 

Manofsteeltelma2

 

Филмот го следи животот на тинејџерот Алекс Деларџ чии задоволства вклучуваат класична музика (најмногу Бетовен), силување и екстремно насилство. Тој е лидер на мала банда насилници, тој е дрзок и склон кон злоставување на другите; ги лаже родителите за да избега од училиште и има скап стерео систем од кој одекнува колекцијата на класични музички снимки.

 

Manofsteeltelma3

 

"Пеколен портокал" е крими-драма-трилер филмска адаптација од 1971 година и тоа на истоимениот роман од 1962 година, напишан од Ентони Бурџис. Адаптацијата е продуцирана, напишана и режирана од Стенли Кјубрик. Главната улога на харизматичниот и психопатски деликвент Алекс ДеЛарџ ја игра Малколм Мекдауел. Филмот одржи вознемирувачка, насилна сликовитост преку која ја истражува социјалната позадина на младинските банди и другите теми на футуристичкото дистописко општество. Саундтракот на филмот се состои главно од класична музичка селекција и композиции на Венди Карлос изведени на Moog синтисајзер.

 

Manofsteeltelma4

 

петок (25.мај 2018) - "Вооружена акција" на МТВ 1 (23.30 часот) 

Весли Снајпс, Ен Хеч, Дејв Анејбл и Колби Лопезсе главните улоги во хорор акцијата на Прва, вечерва во 23.30 часот.  Тим од специјални воени сили ќе се најде во стапица во една изолирана воена база.

 

Manofsteeltelma5

 

Како заробеници тие доживуваат чудни и натприродни појави, а по средбата со еден осамен но опасен терорист, работите стануваат уште позаплеткани.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012