54654

Премиерни филмови на Скај нет телевизија

 

Освен мексиканската теленовела „Сестри“, Скај Нет телевизија започнува со прикажување на премиерни филмови секојдневно. Филмовите ќе се емитуваат во 21 часот, со реприза следниот ден во 14:30 часот, а освен на Скај Нет телевизија, ќе се прикажуваат и на другите регионални телевизии ширум земјава. Веќе неколку години, оваа телевизија нема емитувано никаква играна програма, па со оглед на новитети кои ќе ни ги понуди и одвојуваме простор на овој портал.

 

76696907000

 

Ви ја претставуваме филмската програма на Скај Нет во 21 часот:
 
Понеделник (24 март) - Гејси (Gacy) - биографска приказна за животот на серискиот убиец Џон Вејн Гејси, одглумен од маестралниот Алек Болдвин. Вторник (25 март) - Канскиот измамник (Cannes man) - необична комедија во која се појавуваат многу холивудски актери како специјални гости. Четврток (27 март) - Тајната на Карлита (Carlita's Secret) - акциона приказна за една невина девојка која криејги го својот идентитет, ќе разреши едно големо убиство и една голема нарко мрежа. Улогата на Карлита ја толкува Ева Лонгорија. Петок (28 март) - Дамер (Dahmer) - американски хорор филм за серискиот убиец Дамер, толкуван од Jeremy Renner. Вторник (1 април) - Колку ме сакаш? (Combien tu m'aimes ?) - француска романтична комедија од 2005 година, во главната улога настапува Моника Белучи. Четврток (3 април) - Олд бој (Old boy) - нов мистериозен трилер, базиран на јапонски манга јунак.
 
Ова се само дел од филмските наслови кои ќе ги гледаме на локалните телевизии, а следните недели ќе се емитуваат филмовите: 16 Blocks, End game, The tenats, Today you die, Vampire clan, Rambo 4, The contract.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012