54654

Еве го првиот трејлер за „Ќе бидеме светски прваци“

 

Продукцијата што стои зад успешниот проект наречен „Монтевидео“, повторно ќе овековечи вистински спортски настани на големото платно, овој пат посветени на југословенската кошарка. Филмот „Ќе бидеме светски прваци“ ја следи приказната за четворицата великани на југословенската кошарка: Бора Станковиќ, Радомир Шапер, Небојша Поповиќ и Александар Николиќ од 1945 до 1970 година и освојувањето на титулата светски шампион во Љубљана. Во филмот играат и македонските актери Сашко Коцев, кој е во улога на Лазар Лечиќ, и Тони Михајловски, кој игра измислена филмска личност, продуцент во Радио-телевизија Београд, задолжен за организирање директен пренос од светското првенство во 1970 година.

 

Prvaci.jpg500

 

Една од насловните песни на филмот ја изведува македонскиот пејач Даниел Кајмакоски.

 

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012