54654

Талија и Рики Мартин дел од новото продолжение на Минионите

 

Во новото продолжение на мегапопуларниот анимиран филм „Minions“ кој што премиерно ќе биде емитуван оваа година, своите гласови ќе ги позајмат и популарните латино-американски пејачи Талија и Рики Мартин, но, само за верзијата којашто ќе се емитува во Латинска Америка. Талија и Рики Мартин ги добија улогите на двајцата негативци, а покрај нив ќе го слушнеме и гласот на Алфонсо Херера, поранешниот член на групата RBD.

 

Thalia Y Ricky Martin Minions 1024x398

 

Дејството во серијата не носи во 1968 година, 42 години пред раѓањето на Гру, кога минионите Кевин, Стјуарт и Боб се во потрага по ужасен негативец за да му служат. Така жолтите палавковци ќе тргнат на едно патување во Орландо, токму таму ја запознаваат Скарлет Оверкил, чиј глас го позајмува Талија. Скарлет е првата жена во светот на негативците, која заедно со својот сопруг, чиј глас ќе го позајмува Рики Мартин, ги собираат малите Миниони за да им служат, лошата Скарлет ги предупредува дека ако направат било каква грешка ќе ги снема засекогаш од оваа земја. Авантурата продолжува.

 

 

 

Dejavu Baner

Bannerprimetime

PvD 300x300

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012