54654

Почина легендата Есма Реџепова, кралицата на ромската песна

 

Нашата кралица ја изгуби битката со болеста

 

Утрово тажна вест ја разбуди македонската јавност. Почина Есма Реџепова - еден од најголемите музички амбасадори на Македонија во светот и секаде славена како кралица на ромската музика.

 

Esmaumre1

 

Есма почина по кратко боледување, на свои 73 години. Есма беше жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната. Со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност. Во 2013 година ја доби и престижната титула "Национален уметник на Република Македонија".

 

Esmaumre2

 

Легендарните изведби на Џелем џелем, Чаје шукарије, Зошто си ме мајко родила, Зајди зајди ... ќе останат засекогаш запаметени, а свои соработки имаше и со врвни македонски музички имиња како Тоше Проески, Калиопи и Влатко Лозаноски.

 

 

Неброени концерти секаде во светот, неброени хуманитарни акции, дарувања на оние кои немаат. Почивај во мир, кралице!

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012