54654

Тамара ќе го освојува албанскиот музички пазар со хитот на Рона Нишлиу

Младата пејачка Тамара Ангеловска со фантастична изведба на евровизискиот хит „Сус“ на Рона Нишлиу и видео во режија на Џубокс Видео ќе го освојува албанскиот музички пазар.

Tamara Angelovska Darko Trajkovski

Имено, младата талентирана македонска пејачка Тамара Ангеловска која пред само нешто повеќе од еден месец славеше полнолетство и ја промовираше својата втора песна насловена како „Не можам без тебе“ ја изненади јавноста со фантастична изведба на албанскиот евровизиски хит „Сус“ или на македонски „Тишина“ на Рона Нишлиу.

Преработката на песната Тамара ја направи во студиото на Иле Спасев, додека режијата и снимањето на видеото му ги препушти на Џулиани и неговата „Џубокс Видео“ продукција. За нејзиниот изглед се погрижија стилистите од бутикот „Голден Гарден“ од Велес кои за Ангеловска избраа свечена црна тоалета која одлично и прилега.

Рона Нишлиу е албанска пејачка и текстописец, а со својот мега хит „Сус“ во 2012-та година на Албанија и го носи високото 5-то место на најгледаниот европски музички натпревар „Евровизија 2012“ во Баку, Азербејџан. Воедно ова е најдобриот пласман на Албанија во историјата на Евровизија.

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012