54654

ЗАМП одлучи : Од утре македонско и српско на радио и телевизија

 

Укината забраната - македонска и српска музика се враќа во етер

 

Одлуката за забрана за емитување на авторски музички дела од репертоарот на ЗАМП донесена на 17.09.2016 г. се става вон сила од полноќ. Тоа значи дека од утре македонските радија и телевизија се враќаат со стандардната програмска шема на македонски и српски песни. Тоше, Каролина, Калиопи, Саша Ковачевиќ, Жељко Јоксимовиќ, Нокаут, Брејк, Рибља чорба, Цеца, Северина... се враќаат.

 

Zampukinazabrana31

 

Авторите чии права ги штити ЗАМП, свесни дека со забраната ги лишија македонските корисници од задоволството да слушаат домашна музика, се уверени дека никогаш повеќе нема да се повтори таков чин, кој беше израз на револт против незаконските постапки на надлежните институции.

 

Zampukinazabrana32

 

„Со оглед на тоа што истекоа сите законски рокови да почне со работа новоформираното здружение СОКОМ МАП,  надминати се сите опасности кои се закануваа да го обезвреднат авторскиот труд, авторските права и музичките дела на авторите од земјава, ЗАМП ги известува трговските радиодифузни друштва дека од 03.02.2017 година можат да продолжат со јавно емитување на музички дела од репертоарот на ЗАМП.

 

Zampukinazabrana33



Здружението за заштита на авторските музички права им се заблагодарува на трговските радиодифузни друштва кои докрај ја испочитуваа забраната и со тоа дадоа безрезервна поддршка на авторите да ги остварат нивните загарантирани уставни и законски права.


36rodenden1

 

Согласно договорите за реципроцитет и колективните организации  SOKOJ- Србија, HDS ZAMP– Хрватска, SAZAS–Словенија, PAM-Црна Гора, AMUS-Босна и Херцеговина и RICOM Publishing лиценциран партнер на групацијата Univerzal Music Publishing (за териториите на Србија,Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина) исто така ја ставаат вон сила и нивната забрана за емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување од нивниот репертоар.“ - стои во соопштението на ЗАМП.

 

Дани | ТВ Пакет

Ceca Pomal

16426532 421962608135954 1248849644 N

16426800 10211012443882791 375250880 N

Koncert Boris

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012