54654

Погледнете го видео записот на Елена Ристеска и Хари Варешановиќ



Погледнете го новиот спот на Елена и Хари (ВИДЕО)


Конечно дуетската песна на нашата позната пејачка Елена Ристеска и босанската ѕвезда Хари Варешановиќ, односно Хари Мата Хари, „Још ме плашиш“ доби свој видеозапис. Спотот започна да се снима уште пред неколку месеци во Скопје, а дел од кадрите се доснимија во Белград и тоа пред само една недела.

 

Spotjosmeplas1

 

Автор на музиката на оваа песна е токму Хари, текстот го напишаа Алма Абдагиќ, Ален Лемешевиќ и Фахрудин Пецикоза, додека аранжманот е дело на нашиот Дарко Димитров. Делот од спотот кој се снимаше во „Хотел Русија“ во Скопје, беше под режисерската палка на Васил Христовски, како директор на фотографија се потпишува Дуле Кардалески, а за организација се погрижи „Џубокс продукција“.

 

Spotjosmeplas2


За стајлингот на Елена и овој пат беа задолжени нејзините долгогодишни соработници Даниел Николовски и Мила Кадриу. На останатиот дел од спотот кој се досними во Белград, како режисер се потпишува Мурис Беглеровиќ и „Готива продукција“.

 

Spotjosmeplas3

 

За целиот овој проект да изгледа вака, Елена и Хари упатија благодарност до: „Кроација осигурување - живот“, УПЦ, „Смирноф“, „Адора Инжинеринг“, „Хотел Русија“, „Фешн Груп“, Елеонора Неделковска и Васко Спасоски. Извршен продуцент на овој спот е Елена Ристеска.
Погледнете го видеоспотот во продолжение:

 


 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012