54654

Пред 10 години сними дует со Тоше, а сега го мерка Ристе Ристески!

 

Хрватската кантавторка, пејачка и актерка Антонија Шола не можеше да остане рамнодушна на изведбата на песната „Срце није камен“ од страна на нашиот Ристе Ристески во третиот круг на „Ѕвездите на Гранд“ и јавно му порача дека е на негова страна.

 

Tosesolatv

 

Антонија на својот официјален Инстаграм профил сподели видео од маестралниот настан на Ристе Ристески и напиша „На твоја страна сум, напред Ристе Ристески“, а Ристе и се заблагодари со зборовите „Благодарам многу на поддршката, драго ми е што го гледам ова, голем поздрав од срце“.

Како потсетување, дел од првата емисија од третиот круг во „Ѕвездите на Гранд“ беше и нашиот маестрален Ристе Ристески кој ги отпеа песните „Од милијун жена“ и „Срце није камен“, а со тоа и успешно се пласираше во четвртиот круг. Коментарот на Саша Поповиќ беше дека доколку жирито не му дадеше 7 гласа на Ристе за директен пласман во четвртиот круг, продукцијата веднаш ќе реагираше бидејќи во ова шоу се потребни ѕвезди како него.

 

 

Na tvojoj sam strani, go @riste_risteski ! #srcenijekamen #zvezdegranda #risteristeski #antonijasolalyrics #evergreen

A post shared by Antonija Šola (@antonija_sola) on Apr 22, 2017 at 4:17pm PDT

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012