54654

Канал 5 „удри“ по Велевска четири месеци по нејзиното извинување

 

Зошто повторно се актуелизира скандалот за кој Елена се извини ?

 

Velevskaseizvini2

 

Скандалот со Елена Велевска и нејзината изјава за бугарска телевизија беше актуелен пред скоро четири месеци, за што и пишуваше ТВ Пакет. На 2 април во јавност излезе видеото во кое пејачката дава интервју за бугарската Планета и вели дека во Австралија се пејат многу од бугарските песни како "Јовано, Јованко" и "Кажи ле облаче бело". По оваа изјава, голем број на негативни реакции влијаеа за Елена да се обрати до македонскиот народ на ФБ и тоа токму на 2 април (за што повторно пишуваше ТВ Пакет, сакајќи да се прикаже вистината од сите страни).

 

Velevskaseizvini1

 

И денес, 23 јули, неколку месеци потоа, за истата изјава и видео пишува Канал 5 телевизија. Потсетуваме дека пејачката веќе се извини и обрати до јавноста, и е нејасно зошто повторно се става во центар истиот скандал.

 

Velevskakanal55

 

Кариерата на Велевска во Бугарија, патем, вртоглаво расте. По нејзиниот прв хит на македонски јазик, "Погледни ме за крај", следи и дуетска песна со најпопуларниот бугарски пејач Борис Дали. Деновиве своја промоција ќе добие и “Отпуштен си”, која ја сработи македонскиот хит мејкер Оцко, кој е задолжен за најголемите хитови во Бугарија, и една од најдобрите текстописци Мариета Ангелова.

 

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012