54654

Секогаш уникатни: момците од „Лајв бенд“ со нова песна и видеозапис

„Да си прашам за неа” е насловот на втората песна на момците од Лајв бенд, која доаѓа веднаш по првенчето „Туѓина била маќеа”, композиција посветена на нашите иселеници, која помина навистина одлично кај слушателската публика.

 

Live Band Nov Spot

 

Новата песна, која деновиве, заедно со спот, ја промовираат момците од бендот, е сосема поразлична од претходната и е во карактеристичен 7/8 (седум – осмински) ритам.

- Автор на музиката е нашиот колега и член во групата, , Роберт Ангеловски, кој успешно се впушта и во композиторските води, тематиката на текстот е љубовна. Спотот е снимен на повеќе локации низ градскиот парк во Скопје, информираат членовите на бендот.

Инструментариумот е збогатен и нуди можност за изведба со целосен народен оркестар, а, секако, тука е и кавалот, инструмент кој е неизбежен кога се работи за Лајв бенд. 

 

 

| ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012