54654

Запознајте го фитнес моделот Милош Живковиќ од спотот на Сања

 

Фолк пејачката Сања Ристеска неодамна ја објави песната „Ќе те полудам“ заедно со видеозапис во кој се појавува жешкиот фитнес модел Милош Живковиќ. Интересот за него не стивнува откако беше објавено видеото.

 

Milos Zivkovic Tvpaket

 

Милош Живковиќ е фитнес модел кој секојдневно вежба во фитнес центарот „Магнус“ во Скопје и постојано внимава на својата исхрана за да ја одржи својата форма на која и најпознатите светски модели можат да му позавидат.

 

 

Луѓето кои го познаваат велат дека е голем професионалец во својата работа и напорно работи на она што сака да го постигне во животот.

„Ми беше чест да соработувам со Сања. Таа е одлична пејачка, добар пријател и голем професионалец. Верувам дека и во иднина ќе имаме одлична соработка. Снимањето на спотот беше долго и напорно, но мислам дека се исплати целиот труд затоа што добивме комплетен производ со значителна вредност и квалитет како во регионот“, вели Живковиќ.

 

Milos Zivkovic2

 

Бројни понуди за работни ангажмани од регионални модни агенции пристигнуваат редно на неговата адреса, па нема да бидеме изненадени доколку наскоро го видиме во реклама за светски бренд.

 

Milos Zivkovic3

 

| ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012