54654

Василичарски концерт во МОБ - поп и рок хитови од 80тите и 90тите

Македонската опера и балет ја продолжува традицијата

 

На 12 и 13 јануари (петок и сабота) ќе се одржи концертот по повод празникот „Василица“. Оваа година концертот носи наслов „Simply the best“. Притоа, направен е избор од најдобрите поп-рок хитови од’ 80 и ’90-те години.

 

Movzavas20181

 

Публиката ќе има можност да ужива во популарните: „ With or without you“; „Freedom“; „I drove all night“;„Listen to your heart“; „Simply the best“; „Every breath you take“; „I want to break free“; „Black velvet“ и многу други. Ќе ги исполнат популарните ѕвезди од македонската естрада: Александар Тарабунов; Елена Петреска; Ана Мицковска; Александра Јанева;Горан Наумовски; Ѓоко Танески; Бени Шаќири; Дани Димитровска; Наташа Малинкова; Лена Заткоска, Даниел Дан, Бојан Јамброшиќ, како и оперските солисти Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.

 

Movzavas20182

 

Ќе ги придружува хорот и големиот оркестар на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска. Почитувајќи ја традицијата на нашиот народ да ја прославува т.н. „Стара Нова година“, Македонската опера и балет го востанови овој концерт во 1993 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

1111ivan Baner

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012