54654

Традицијата продолжува - мега промоција на новиот албум на Каролина

 

Нов албум со концертна промоција на Каролина Гочева

 

На големо задоволство за љубителите на квалитетна македонска музика, се враќа супербрендот Каролина Гочева со нов албум. Но, не само тоа. Новиот албум и новата Каролина на нова, најголема врата досега, се враќаат ексклузивно за својата публика. По блескавиот концертен маратон од пред четири години, Каролина и нејзиниот бенд повторно се враќаат во Македонската Опера и Балет, со четири последователни концерти, на 23, 24, 25 и 26-ти февруари.

 

Rsz Karolizvormega1

 

На концертите публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина насловен „Извор“, а ќе се потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.

Влезниците за сите четири концерти ќе бидат пуштени во продажба по цена од 800 денари, од 24-ти јануари, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС.

 

Rsz 1karolizvormega2

 

Со секоја купена влезница следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.

Во немирните времиња во кои живееме, конечно нешто што ќе не сплоти сите заедно. Музиката на единствената Каролина ќе успее по којзнае кој пат, да ја собере Македонија на едно место и сите заедно да уживаме во нови песни од проектот "Извор". Во февруари, сите на концерти кај Каролина!

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012