54654

Авалон го земаа Владо Јаневски - се најавува голем концерт на 1 јуни

 

Владо Јаневски најавува голем спектакл на 1 јуни

 

Авалон Продукција и Владо Јаневски ја обновија својата соработка после пауза од повеќе од десет години. Како резултат на тоа, уште поголемо задоволство на продукцијата е да го најави и најголемиот концерт на Владо Јаневски во неговата кариера, којшто ќе се случи на 01 јуни, на стадионот на АРМ.

 

Vladoavalonkoncert1


Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно Тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија. Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 фанови на Владо Јаневски од цела Македонија и навистина ни е задоволство што во годината во која и ние одбележуваме јубилеј од 25 години, што го работиме овој проект. - велат од Авалон.

 

Vladoavalonkoncert2


Влезниците се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени:
500 ден ПАРТЕР
800 ден ФАН ПИТ (само 1.000 влезници)
1.000 ден ВИП


Во продажба ќе биде пуштен и одреден контингент на ВИП пакети кои ќе може да се резервираат телефонски на 078/365-245 (секој работен ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012