54654

По „Blacklist“, следува реприза на репризата на „Magic city“ на МТВ

 

Од понеделник на МТВ 1 во 22 часот - нова реприза

 

По трет или можеби четврт пат, од понеделник, 12 декември, Македонската телевизија ќе ја емитува "Волшебен град" (Magic city), американска крими серија снимена во 2012 и 2013 година со вкупно 16 епизоди. Во продолжение, потсетете се за содржината на серијата :

 

Volsebengrad1

 

Мајами Бич, 1958 година. Додека Ајк Еванс го слави доаѓањето на Нова година во својот луксузен хотел „Мирамар Плаја“, Хавана паѓа во рацете на бунтовниците на Кастро. Следува бурен период за Мајами, кој сега е центар на сите турбулентни настани. Семејството Кенеди, мафијата и ЦИА ги држат овде работите под контрола, додека Ајк е ѕвезда на својот хотел. Но се си има своја цена.

За да го оствари својот сон, тој му ја „продава” душата на мафијашкиот бос, Бен Дајмонд. Жена му на Ајк, поранешната танчарка Вера и нивните три деца мислат дека тој е чесен човек, а Ајк не може да го раскине договорот со ѓаволот. Во меѓувреме Стиви, синот на Ајк почнува врска со Лили, без да знае дека таа е новата сопруга на мафијашот Бен Дајмонд.

 

Volsebengrad2

 

Животот на Ајк е само фасада. Во Мирамар Плаја ништо не е онака како што изгледа. Во текот на денот гостите уживаат во претстави од кловновски скокови во вода и во звуци на латино музиката, а навечер проститутките имаат тајни состаноци со женети мажи во семејните куќички.

Додека светот на Ајк е во опасност да се сруши, тој се бори за семејството во овој волшебен град, Мирамар Плаја.

Режијата е на Карл Френклин, а во главните улоги настапуваат Џефри Дин Морган, Олга Кириленко, Дени Хјустон, Стивен Стрејт.

 

 

Дани | ТВ Пакет

Dejavu Baner

Bannerprimetime

PvD 300x300

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012