54654

Уште една реприза на серијата „Транспортер“ во 23:30 часот на Сител

 

Реприза на "Транспортер" - во 23.30 часот

 

"Транспортер" е акциона криминалистичка серија, снимена во вкупно 24 епизоди. Серијата е адаптација на француската трилогија на филмови за транспортерот кој беше толкуван од Jason Statham. Се работи за ко-продукција на HBO, HBO Canada, М6 и германскиот телевизиски канал RTL, а Лук Бесон ќе биде еден од извршните продуценти.

 

Transporter2

 

Во серијата "Транспортер" главната улога ја толкува Крис Венс, а покрај Венс, во останатите улоги ќе имаме можност да ги видиме и актерите Андреа Осварт, Франсоа Береланд и Марко Борини. Серијата се снимаше на локации низ Торонто, Париз, Берлин и Ница, со буџет од 43 милиони долари.

Серијата зборува за Френк Мартин, бивш специјалец кој заработува за живот така што испорачува разно разни тајни пратки, без да открива детали за нив. Ако сака некој нешто да превезе, тогаш го повикуваат Френк. Тој носи буквално се', било каде и не поставува никакви прашања.

 

Transporter1

 

Работејќи како припадник на одделот на специјалци, уште во минатото тој се стекнал со низа вештини и тактики на брзо возење, борба и начин на преживување. Користејќи ги своите квалитети, тој не дозволува пратката да задоцни или да стигне на погрешна адреса. Затоа научил дека не треба да прашува за имиња или пак да ги отвора пратките. Но, затоа што се работи за тајни и опасни пратки, многупати ќе се наоѓа во опасни и незгодни ситуации од кои ќе мора да се извлече. Приказната е навидум прилично едноставна, иако секогаш завршува многу, многу комплицирано!

Првата сезона од серијата се емитуваше во 2013 година на Канал 5, а пред неколку месеци и двете сезони беа прикажани на Сител. Летово беше репризирана првата сезона, а сега повторно "Транспортер" на Сител, на местото од "Аларм за кобра".

 

Дани | ТВ Пакет

Dejavu Baner

Bannerprimetime

PvD 300x300

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012