54654

Српската верзија на популарната „Серанови“ започнува на Сител

 

Од понеделник до петок во 22 часот - "Синѓелиќи"

 

Од понеделник, 26 декември со почеток во 22 часот на Сител телевизија започнува српската комична серија "Семејството Синѓелиќ" која од сега ќе се емитува секоја вечер, од понеделник до петок, по турскиот блок кој е со скратено времетраење.

 

SingelicinaSitel1

 

"Сингелиќи" е српска верзија на светски популарната шпанска серија "Серанови", своевремено емитувана на А1 телевизија. Досега се снимени 90 епизоди, а снимањето продолжува и во 2017-та година. Серијата има доста драматични, доста комични, но и тажни случувања, кои некогаш ќе ве насмеат, а некогаш и расплачат.

Сторијата за ова лудо семејство започнува кога Сретен ќе се ожени со Лила и двајцата ќе почнат да живеат заедно со децата од своите први бракови.

 

SingelicinaSitel2

 

Имајќи сфатено дека сам не може да се грижи за своите деца по смртта на сопругата, Сретен се решил да се ожени со Лила, негова девојка од средношколските денови и на тој начин да оформи повторно семеен живот. Тој е сопственик на кафаната "Сокаче" и тренер на фудбалскиот клуб "Сингелиќи". 

Лила, пак, е професорка по српски јазик, која по разводот од првиот маж, решила да се омажи за Сретен. Лила има три ќерки, а Сретен тројца синови. Животот во заедничката куќа навидум се чини како правилен избор, но постепено и двајцата почнуваат да се прашуваат дали е тоа сепак вистинската работа што ја одлучиле.

 

SingelicinaSitel3

 

Синовите на Сретен се Методија, Коља и Гојко, а тука се и неговите двајца браќа Јездимир и Момчило. Од друга страна, ќерките на Лила се Ева и Тереза, а со нив живее и мајката на Лила, Ксенија. Животот во куќата за Ева и Методија ќе значи ново запознавање, вљубување и чувства кои на почетокот и можеби не е лесно да се признаат. Меѓу другите ликови се Федор и Николина, најдобрите пријатели на Сретен и Лила.

 

SingelicinaSitel4

 

Сите тие заедно ќе донесат низа на хумористични и интересни моменти. Караници, љубовни препирања, секојдневни проблеми, сето тоа ги очекува овие ликови во "Семејството Синѓелиќ".

 

Дани | ТВ Пакет

DM AL 300x250

Ceca Pomal

Casot Na

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012