54654

ТВ Пакет препорака за празнична серија : „Stranger things“

 

Препуштете се на магијата на приказната и на мистеријата 

 

Strangerthiongspreporaka6

 

"Stranger Things" е серијата која веднаш треба да почнете да ја гледате доколку сте носталгични по филмовите и сериите од 80-те и 90-те. На моменти како да се враќате години наназад и имате чувство дека пред очи ви се појавуваат сцени од “Се плашите ли од темнината?“, како да е пишувана од Стивен Кинг, а режирана од Стивен Спилберг или Гиљермо дел Торо.

 

Strangerthiongspreporaka2

 

Улогите ги толкуваат Winona Ryder, David Harbour, Finn Wolfhard, Millie Bobby Brown, Gaten Matarazzo, Caleb McLaughlin, Natalia Dyer, Charlie Heaton и др.

 

 Strangerthiongspreporaka3


Новата серија на Netflix ги најде своите фанови веднаш по лансирањето на епизодите на интернет минатово лето, но ТВ Пакет за оние кои не ја следеле ја препорачува за овие празнични денови. Досега е снимена една сезона, вкупно осум епизоди, кои се гледаат за еден ден. Во продолжение краткото сиже, без споилери :

 

Strangerthiongspreporaka4


На 6 ноември, 1983 година во Индијана, 12 годишниот Вил Бајерс исчезнува мистериозно. Мајката на Вил, Џојс, станува параноична и се обидува да го најде Вил, додека шерифот во полицијата Хупер ја започнува својата истрага. Веќе следниот ден мистериозно девојче со чудни способности се појавува во градот а која има информации околу местото каде се наоѓа Вил. Но како што тие стануваат поблиску до вистината тие ќе мора да се соочат не само со злокобната владина агенција, туку и со подмолна сила која планира да ги уништи.

 

Strangerthiongspreporaka5

 

На крајот, ќе сфатите дека многу од мистериите поврзани со паранормалните работи всушност и не се решени. Одговори ќе чекаме многу во втората сезона, но тоа нема да ве остави разочарани и со прашалници. Напротив, ќе бидете задоволни од магијата на часовите поминати со оваа ТВ серија и ликовите на децата кои уште првиот миг ќе ги засакате.

 

Strangerthiongspreporaka1

 

Членовите на нашиот форум за серијата ќе кажат :

- "Дефинитивно децата во сериите се навистина предобро одбрани, одамна не сум гледал серија каде што деца ја водат целата серија, толку добро одглумено, посебно Ел, која можеби е една од најдобрите детски глуми кои некогаш сум ги гледал во серија! Винона Рајдер некако како преизвикана ми беше, многу дерење, многу преглумување, не знам можеби и до улогата беше.

 

Strangerthiongspreporaka7

 

Самиот амбиент, самата музика која многу потсеќа на периодот во кој е снимена ја прават серијата навистина прекрасна и пријатна за гледање, не знам многу сум носталгичен на серии од тој период, можеби и за тоа толку се приврзав за неа. Приказната дефинитивно остава простор за втора сезона и тоа премногу, а прочитав дека авторите планираат да ја прават со истите ликови со додавање на некои нови, така да многу ми е драго да ја гледам целата актерска екипа повторно!"

 

Strangerthiongspreporaka8

 

- Според мене, единствена слаба карика на Stranger Things e Винова. Винона ми е една од подрагите актерки, ама ете, тука нејзината глума ми беше негледлива. Може некој нема да се согласи со мене, но јас таков впечаток добив.

 

Strangerthiongspreporaka9

 

- "Заразна, интересна, за мене оригинална со оглед дека не сум гледала вакви серии и филмови, а сигурно ги има доста од каде што црпела мотиви. Сега би рекла дека можеби сакав да ја направат пореална, ама тоа е приказната."

- "Баш пријатно летно изненадување годинава. Уживав во епизодите. Eleven навистина беше врвот во серијата. Колку што знам, потврдија дека ќе се врати во втора сезона, така да, едвај чекам нова сезона, ама веројатно пак во лето ќе биде."

 

 

Дани | ТВ Пакет

DNK 300x250

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012