54654

Гледачите збунети: Кога оди премиера, а кога реприза на „Преспав“?

 

Има ли ред во емитувањето на "Преспав" на Телма ?

 

Македонската хумористична играна серија "Преспав" со самото појавување предизвика лавина позитивни реакции особено кај младата популација. Конечно продукциски нешто кое изгледа квалитетно, урбано и нормално за овој век. Гледачите задоволни од ликовите и настаните во пансионот "Преспав", но незадоволни од начинот на нејзино емитување, што се коментира веќе и на нашиот форум за телевизиски содржини.

 

Prespavepizodinered2

 

Имено, од самото започнување, "Преспав" премиерно се емитуваше во 7 часот наутро и сите четириесетина епизоди веќе беа емитувани во тој термин, без никаква најава дека оди токму наутро. Во 20:40 часот најпрвин беа емитувани околу 20тина епизоди, по што следеше ненајавен прекин поради политичката предизборна програма. За тоа време се репризираа стари епизоди во попладневен термин. И сега за време на празниците кога гледачите очекуваат нови епизоди, во вечерниот термин се емитуваат репризи на веќе емитувани епизоди во 20.40... но и по некоја неприкажана епизода.

 

Prespavepizodinered1

 

Во вторникот имаше премиерна епизода, за вчера и завчера да се емитуваат репризни изданија на епизодите со крапот и бегалците. На гледачите им е нејасно - кога е премиера, кога е реприза?

 

Дани | ТВ Пакет

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012