54654

Серијата која ве внесе во гламурот на „Рај“, репризно на Телма

 

Британската мини серија, репризно на Телма во 16 часот

 

Rajtelma5

 

Во саботата, на 4 февруари, Телма ја емитуваше последната 16-та епизода од британската драмска серија "Рај". Серијата се' уште не завршена, веќе се репризира на Телма од вторник до петок во 16 часот. Од вторник започнува репризата на втората сезона на оваа љубовна и возбудлива драма која ни го престави светот на првата британска стоковна куќа "The Paradise".

Во продолжение потсетете се на приказната :

 
Rajtelma2

 

1875 година, младата и убава Денис Ловет од село доаѓа во раскошниот викторијански град како би почнала да работи во продавницата за ткаеини на нејзиниот вујко Едмундо. Но отспротива од нивото дуќанче отворена е гламурозната стоковна куќа "Рај" која го гуши нивниот бизнис. Денис е свесна дека за нејзе нема да има ни просперитет ни пари во продавничката на вујко и, па затоа среќата си ја испробува во "Рај". Се вработува како продавачка во женскиот оддел и веднаш започнува да биде мета на озборувања, интриги и афери.

 

Rajtelma4

 

Таа има многу иновативни идеи и со тоа го импресионира Џон Мореј, сопственикот на стоковната куќа, во кого и се вљубува. Но, во Џон е заљубена и богатата и размазена Кетрин, чиј татко е всушност финансиер на бизнисот на Џон. Џон е неодоливо шармантен, на моменти безобзирен, но полн со идеали и желба за успех. Целта на Џон е да го прошири својот бизнис, но која е цената за тоа?

 

Rajtelma3

 

Приказната за Денис ќе не подразмисли дали да го следиме своето срце или амбицијата, и дали патот ќе не одведе во рајот или во очајот со погрешната одлука.

 

 Rajtelma1

 

Улоги : Joanna Vanderham, Emun Elliott, Stephen Wight, Sonya Cassidy, Matthew Mcnulty, Elaine Cassidy, Finn Burridge, David Hayman, Peter Wight, Sarah Lancashire, Ruby Bentall, Patrick Malahide

 

Дани | ТВ Пакет

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012