54654

Британската крими драма „Broadchurch“ во 20:30 часот на Телма

 

Oд понеделник до петок, британска серија во прајмтајм на Телма

 

Детективскиот инспектор Алек Харди доаѓа во Броудчрџ, мирно крајбрежно градче каде што треба да дојде на работното место на Ели Милер во локалната полиција. Првиот ден од работното место му започнува бурно откако го наоѓаат на плажата телото на 11-годишното момче Дени Латимер, за кое на почетокот се претпоставува дека се работи за самоубиство, но ...

 

Broadchurchtelma1

 

Анализите покажуваат дека е извршено убиство. Алек и Ели ќе се соединат да го пронајдат убиецот кој најверојатно се крие помеѓу навидум “совршените“ жители на мирниот град. Малото приморско место одеднаш станува заплеткано во тајни и мистерии, каде секој нешто знае и секој ништо не знае. Случајот привлекува големо медиумско внимание и станува главна линија околу која ќе се врти целото дејство на новтаа крими серија "Broadchurch".

 

Broadchurchtelma2

 

Oд вторник, 11 април, на Телма телевизија започнува со емитување оваа британска драма, која ќе ја следиме од понеделник до петок околу 20.30 часот, веднаш по "Топ тема". Серијата ќе ја замени "Пабло Ескобар", чија последна епизода ќе биде емитувана овој понеделник на 10 април.

 

Broadchurchtelma3

 

"So Close" од Ólafur Arnalds и Arnór Dan е одјавната песна на првата сезона, а пак втората сезона завршува со "So Far". Во Велика Британија во тек е снимање и емитување на третата сезона. Улогите на главните детективи ги толкуваат Дејвид Тенант и Оливија Колман.

 

Broadchurchtelma4

 

Дани | ТВ Пакет

 

Broadchurch

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012