54654

Британската „Криминална правда“ на Телма открива нови судски случаи

 

Нова драма на Телма - "Criminal justice" (2008-2009)

добитник на British Academy Television Awards, Royal Television Society Awards и International Emmy

 

Од недела (15 април, ден Велигден), Телма телевизија започнува со емитување на нова британска серија. "Криминална правда" е серија од 10 продолженија, која на Телма ќе се емитува секоја недела околу 20.10 часот.

 

Criminaljust1

 

Снимена во 2008 и 2009 година, "Криминална правда" ќе ни претстави патување и борба на индивидуалец во системот за правда. Главната улога во првата сезона ја толкува Ben Whishaw, кој го глуми Бен, млад дечко кој е обвинет за злосторство за кое не се сеќава. Една бурна ноќ, под дејство на алкохол и екстази, ќе замине во куќата на една девојка да спие со неа, но веќе следното утро, се буди со страотна глетка.

 

Criminaljust2

 

Нож во раката и мртвото тело на девојката крај него. Траумата допрва започнува, затоа што го чека голема борба во која ќе мора да докаже дека е невин... или едноставно да ја прифати вината?

 

Criminaljust3

 

Во втората сезона пак ја следиме Максим Пикер како Џулиет, која во напорниот и долготраен судски систем, ќе треба да докаже дека не го убила сопругот.

 

Дани | ТВ Пакет

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012