54654

Нема крај за репризите на националната Алфа - следна „Бела лаѓа“

 

Српски серии и емисии со константни репризи на Алфа

 

Од понеделник до петок во 21.50 часот на Алфа телевизија се репризира српската серија "Бела лаѓа". Се работи за серија која со голем успех е снимана и емитувана на Радио телевизија Србија цели шест години, а пред помалку од две години, премиерно емитувана на Алфа. Серијата е во продукција на Коштуњак филм и правена по сценарио на Синиша Павиќ. Од сите серии на овој автор (Подобар живот, Среќни луѓе, Семејно богатство), ова е најдолго сниманата серија.

 

Belalaga1

 

"Бела лаѓа" е индиректно продолжение на филмот Тесна кожа. Улогата на Мита Пантиќ овде ја игра Петар Краљ наместо Никола Симиќ кој ја толкуваше во филмскиот серијал. Во улогата на Среќко Шојиќ, и овде како и во филмскиот серијал се најде актерот Милан Гутовиќ. За разлика од филмот, овде главниот актер е всушност Шојиќ, а не Пантиќ.

Шојиќ е бизнисмен и претседател на Партијата за здравиот разум, која ја финансира негов роднинина, Тика Шпиц. Негов заменик е Панковиќ, а негов противник Хаџи Здравковиќ, претседател на партијата - Демократска ренесанса. Главниот лик Шојиќ влегува во мафијашки зделки со мафијашкиот бос Озрен Солдатовиќ и неговата десна рака Аламуња, со цел да добие победа на политичките избори.

 

Belalaga2

 

Од друга страна, семејството Пантиќ го сочинуваат Димитрија (Мита), неговата жена Персида, синовите Маринко и Блашко, како и  ќерката Мирјана. Маринко е разведен и од бракот има две деца, а Мира е на работ на развод, а со мажот Бого го има синот Кича.

Мита е во пензија откако Шојиќ станал претседател на партијата. Во предизборната кампања на Шојиќ се вклучува и целото семејство Пантиќ. Секој од Пантиќ гледа свој личен интерес од таа кампња и од добивањето на изборите. Следуваат многу сплетки и хумористични случки на патот на Шојиќ и Пантиќ до изборната победа.

Серијата е снимена во 90 епизоди, а насловната тема "Плови бела лађа" е компонозирана од Боислав Војкан Борисавлевиќ.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012