54654

Руската детективска потрага на „Исаев“ во 16 часот на Телма

 

Ѕирнете во светот на руските тајни служби и криминални игри

 

Isaev1

 

Секоја среда, четврток и петок во 16 часот, Телма телевизија ќе ја емитува руската серија за најголемиот руски шпион - "Исаев". Снимена во 2009 година, низ 16 продолженија ќе ја следите детективската потрага на младиот и остроумен ддетектив Исаев, базирана на романите на рускиот автор Илија Семионов.

 

Isaev2

 

Приказната зборува за големата кражба на вреден артефакт во 1920. година, која ја истражува Максим Исаев. Многу посакале да го имаат овој вреден артефакт, почнувајќи од странските агенти па се до голем број на емигранти. Еден од нив, Воронстов, сакал да го украде артефактот како би ја финансирал тајната антисоветска организација која требало да ја урне Владата.

 

Isaev3

 

Меѓутоа и тој во овој случај излегува само еден мал пион во раката на крупните играчи кои сакаат да го искористат за голема и бескруполозна работа. Сепак, младиот истражувач и детектив Исаев ќе се инфилтрира меѓу Белите емигранти како би ја пронашол украдената артефакт вредност.

Шпионски завери, непредвидлива истрага и голема љубов е она што ве очекува на Телма.

 

Дани | ТВ Пакет

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012